Временска прогноза – облачно и топло

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со локален слаб дожд. Ќе дува умерен, а во источните делови и во Пелагонија повремено засилен ветер од јужен правец, над 60 километри на час. Максималната температура ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.

Видете и ова: Поголемите субвенции во земјоделството не го зголемија производството

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен јужен ветер. Локален слаб дожд ќе има во недела и во понеделник претпладне.