САД уништуваат беспилотни летала и ракети на Хутите во Јемен и Црвеното Море

Илустрација

Американската војска во петокот (23 февруари) соопшти дека уништила беспилотни летала на Хути и противбродски крстосувачки ракети во Јемен и Црвеното Море, откако утврдила дека тие претставуваат непосредна закана за трговските бродови и бродовите на американската морнарица.

Нападите погодиле четири беспилотни летала и две крстосувачки ракети кои биле подготвени да бидат лансирани од областа контролирана од Хутите во Јемен кон Црвеното Море, соопшти Централната команда на армијата, пренесе Ројтерс.

Војската, исто така, собори три офанзивни беспилотни летала на Хутите во близина на комерцијални бродови што пловат по Црвеното Море, се вели во соопштението.

Видете и ова: Нови американски напади врз цели на Хутите

Ударите беа извршени во четвртокот и петокот, соопшти Централната команда. Нема штета на ниту еден брод, се додава во соопштението.

Движењето Хути во Јемен врши напади со беспилотни летала и ракети врз трговски бродови, пркосејќи на воената операција на Израел во Појасот Газа, која започна во октомври.

Американските и британските сили извршија повеќекратни напади врз локациите што ги користат бунтовниците во Јемен. Во поморската мисија се приклучи и Европската унија.