Во украинскиот напад на полигонот во Доњецк, област окупирана од Русија, загинале најмалку 60 руски војници, објави рускиот сервис на Би-Би-Си.
Според извештајот, кога се случил нападот на 20 февруари руските војници од 36-та гардиска моторизирана бригада биле построени и го чекале пристигнувањето на генерал-мајор Олег Мојсеев, командант на руската 29-та армија.
Украина не го коментираше овој извештај.
Проруските социјални мрежи објавија видеа и фотографии на кои наводно се гледаат десетици униформирани трупови.
Во меѓувреме, тројца цивили загинаа, а 13 се ранети во руското гранатирање на три источни украински региони, објавија локалните власти на 21 февруари.
Видете и ова:
Се верува дека повеќе од 45 000 руски војници се убиени од почетокот на војната во УкраинаЕдно лице загина во Краматорск во областа Доњецк, а осум се ранети, изјави регионалниот гувернер Вадим Филашкин.
Во областа Харкив, двајца фармери загинале кога нивниот автомобил бил удрен во селото Петропавливка во областа Купјанск, додека една жена била ранета, изјави регионалниот гувернер Олех Синјехубов.
Силите за воздушна одбрана соборија 13 од 19 беспилотни летала лансирани од Русија во четири украински региони рано на 21 февруари, соопшти украинското воздухопловство, додавајќи дека се уништени и една ракета С-300 и четири крстосувачки ракети Кх-22.
Беспилотните летала се соборени во областите на Харкив, Дњепропетровск, Запорожје и Доњецк, соопшти Военото воздухопловство.
Четири крстосувачки ракети Кх-22 беа соборени во централниот регион Полтава.