Соединетите Американски Држави (САД) на 21 февруари рекоа дека највисокиот суд на Обединетите нации не треба да дава советодавно мислење во кое наведува дека Израел треба „веднаш и безусловно да се повлече“ од наводните палестински територии.
Вршителот на должноста правен советник на Стејт департментот Ричард Висек рече дека комисијата од 15 судии на Меѓународниот суд на правдата не треба да се обидува да го реши деценискиот израелско-палестински конфликт „преку советодавно мислење кое се фокусира на дејствијата на само едната страна“.
Видете и ова:
Сирија соопшти за израелски напад на станбена зграда во ДамаскНа третиот ден од судското рочиште, Вишек зборуваше за барањето на Генералното собрание за необврзувачко советодавно мислење за законитоста на израелските дејствија на окупираните територии.
Вишек рече дека мислењето на судот „ќе има последици за страните во конфликтот и за тековните напори на сите оние кои работат на постигнување траен мир“.
Аргументите на САД дојдоа еден ден откако Вашингтон стави вето на резолуцијата на ОН со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.
Хамас е прогласен за терористичка организација од САД и ЕУ.
Тоа беше трето американско вето од почетокот на конфликтот на 7 октомври, потсетува Ројтерс.
За текстот подготвен од Алжир гласаа 13 членови на Советот, додека Велика Британија беше воздржана.
Видете и ова:
Трето американско вето на нацрт-резолуцијата за војната меѓу Израел и ХамасВојната меѓу Израел и Хамас започна кога Хамас изврши напад без преседан на 7 октомври, кој резултираше со смрт на приближно 1 160 луѓе во Израел, од кои повеќето цивили.
Според Израел, милитантите на Хамас зеле околу 250 заложници, вклучително и 30 за кои се претпоставува дека се мртви.
Оттогаш, повеќе од 29 000 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива врз Газа, според Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас.