Тројца цивили загинале, а 13 биле ранети во руското гранатирање на три источни украински региони, објавија локалните власти на 21 февруари.
„Едно лице загина во Краматорск во областа Доњецк, а осум се ранети“, изјави регионалниот гувернер Вадим Филашкин.
Во областа Харкив пак двајца фармери биле убиени во селото Петропавливка во областа Купјанск, додека една жена била ранета, соопшти регионалниот гувернер Олех Синјехубов.
Во меѓувреме и во областа Херсон четири лица биле ранети во руските гранатирања со минофрлачки напади и напади со беспилотни летала.
Видете и ова: ЕК додели 83 милиони евра за поддршка на цивилите во Украина и Молдавија„Силите за воздушна одбрана соборија 13 од 19 беспилотни летала лансирани од Русија во четири украински региони рано на 21 февруари“, соопшти украинското воздухопловство, додавајќи дека се уништени и една ракета С-300 и четири крстосувачки ракети Кх-22.
Беспилотните летала се соборени во регионите Харкив, Дњепропетровск, Запорожје и Доњецк, соопшти Военото воздухопловство. Се вели дека некои од преостанатите шест беспилотни летала не успеале да стигнат до своите цели. Исто така четири крстосувачки ракети Кх-22 биле соборени во централниот регион Полтава.