Калас: Русија нема да ме заплаши со потерницата

Естонската премиерка Каја Калас

Естонската премиерка Каја Калас во неделата смета дека налогот издаден од Русија за нејзино апсење е само обид да се заплаши поради шпекулациите дека таа би можела да добие висока функција во Европската унија.

Некогаш управувана од Москва, но сега членка и на Европската унија и на НАТО, Естонија е поддржувач на Киев, а Калас е еден од најгласните критичари на Москва од руската инвазија на Украина која почна пред речиси две години.

Руската полиција ја стави неа и уште неколку балтички политичари на листа на барани лица на 13 февруари за под обвинување за уништување споменици од советската ера.

Видете и ова:

Литванија и врачи протестна нота на Русија поради потерниците за политичари

„Тоа има за цел да ме заплаши и да ме натера да се воздржам од одлуките што инаку би ги донела“, изјави Калас за новинската агенција Ројтерс во интервјуто на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

„Но, тоа е руската игра. Тоа не е ништо изненадувачки и не се плашиме“, додаде таа.

Балтичките политичари ризикуваат да бидат уапсени само ако ја преминат руската граница, инаку руската потерница нема реални последици.