Антивладини протести во Унгарија по скандалот

Hungary Protest

Десетици илјади Унгарци излегоа на улиците на Будимпешта во петокот за да протестираат против прикривањето на скандалот за сексуална злоупотреба што доведе до оставка на претседателката Каталин Новак од партијата Фидес, по бесот на јавноста.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата конзервативна партија Фидес, кои се на власт во земјата од 2010 година, се обидуваат да го ублажат скандалот што избувна минатата недела. За една недела овој скандал доведе до оставка на двајца сојузници на Орбан, претседателката Новак и министерката за правда Џудит Варга, потсетува Ројтерс.

Видете и ова:

Претседателката на Унгарија поднесе оставка поради случај со помилување


Двете политичарки поднесоа оставки од своите функции поради помилувањето на поранешниот заменик директор на дом за деца кој помогнал да се прикрие сексуалната злоупотреба на децата од страна на директорот.

Во 2018 година, поранешниот заменик директор беше осуден на повеќе од три години затвор за притисок врз жртвите да ги повлечат своите тврдења дека биле злоупотребувани од директорот на објектот.

Случајот и понатаму е главна тема на медиумите.

Иако јавното незадоволство не претставува закана за владеењето на Орбан, со следните парламентарни избори до 2026 година, сепак ова доаѓа во пресрет на изборите за Европскиот парламент во јуни, каде Фидес се надева дека ќе го врати гласот во одлучувањето на европско ниво со другите конзервативни партии.