Вкупно 12 луѓе се убиени во југоисточен Иран при вооружен напад, Осомничен е 30 годишен маж кој со оружје влегол во еден дом и ги застрелал своите 12 роднини во оддалечена рурална област во југоисточен Иран. Ова е еден од најсмртоносните такви инциденти во земјата до сега.
Ебрахим Хамиди, главниот судски функционер во јужноцентралната провинција Керман, за иранските медиуми изјави дека мажот вооружен со автоматска пушка калашников отворил оган врз неговиот татко, брат и други роднини.
Видете и ова: Адвокат на погубен ирански демонстрант повикан на суд за критички изјавиХамиди рече дека се чини дека пукањето било предизвикано од семејни расправии. Според локалните медиуми меѓу жртвите има и неколку деца.
Новинската агенција ИРНА соопшти дека „во тек се обиди“ за апсење на 30-годишниот осомничен, кој не е именуван.