Едно лице загина, триесеттина повредени во пукање во Канзас Сити

Еден од повредените во пукањето во Канзас Сити, 14 февруари 2024 година

Едно лице е убиено, а триесетина се повредени во пукотниците за време на парада на Канзас Сити Чифс, освојувачите на Супербол (финале во американски фудбал), изјавија од полицијата во Канзас Сити.

Меѓу ранетите се и единаесет деца кои се во болница.

Полицијата задржала тројца осомничени, а градоначалникот ја повика јавноста да сподели фотографии, видео и други информации од местото на пукање.

Видео снимки од настанот покажуваат како полицајците трчаат кон местото на пукање во голема толпа луѓе покрај транспортен центар додека жртвите се изнесувани со возила за итна помош.

Видете и ова: Се самоубил напаѓачот кој уби десет луѓе во близина на Лос Анџелес

Од извор во органите за безбедност „Си-би-ес“ дознава дека пукотницата не е поврзана со тероризам. Патрик Махомес, бек во Старс, на социјалната мрежа Х напиша:

„Се молам за Канзас Сити“.

Од клубот на Чифс, победник во финалето Супербол што се одржа во неделата, изјавија дека никој од играчите не е повреден. Ова е 48 масовно пукање во Соединетите Држави од почетокот на 2024 година