Амбасадорката на САД во НАТО, Џулијан Смит, денеска изјави дека не очекува Алијансата да издаде покана за членство на Украина на самитот во Вашингтон следниот јули.
„Што се однесува до самитот ова лето, не очекувам Алијансата да упати покана во овој момент“, рече Смит, одговарајќи на прашање од новинарите пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во четврток на 15 февруари.
Додека се бори против руската инвазија, Украина јасно стави до знаење дека има за цел да стане членка на воената алијанса предводена од САД.
Киев и некои од неговите сојузници во НАТО, особено во Источна Европа, го поттикнаа повикот за членство иако прифатија дека Украина не може да се приклучи на НАТО додека сè уште е во војна.
Видете и ова: Естонија предупредува дека Русија се подготвува за воен конфликт со ЗападотНа минатогодишниот самит во Литванија, лидерите на НАТО изјавија дека иднината на Украина е во алијансата, но не упатија покана или не поставија краен рок за членство.
„Работиме многу напорно од самитот во Вилнус минатата година за да преземеме голем број чекори и да продолжиме да им помагаме на нашите пријатели во Украина со неопходните реформи во нивната сопствена земја, со цел да се приближат кон евроатлантските интеграции“, рече Смит.
„И ние продолжуваме да се фокусираме првенствено на поддршката за нив во тековната борба и да се осигураме дека тие можат да надвладеат на бојното поле“, додаде таа.