Украина во 2024 година ќе произведе илјадници дронови со долг дострел

Илустративна фотографија - Украински војници летаат беспилотно летало Вампир (UAV) во близина на линијата на фронтот, среде рускиот напад врз Украина, во регионот Запорожје, Украина, 2 февруари 2024 година.

Украина ВО 2024 година ќе произведе илјадници беспилотни летала со долг дострел, кои ќе бидат способни за длабоки удари во Русија, изјави украинскиот министер за дигитални прашања Михајло Федоров.

Федоров рече дека веќе има до 10 компании кои произведуваат дронови кои можат да стигнат до Москва и Санкт Петербург.

Видете и ова: Украина тврди дека соборила 40 дронови во последниот руски напад

Тој исто така зборуваше за индустријата на беспилотни летала за време на војната во интервју во Киев.

Федоров откри нови детали за секторот, по серијата напади со украински беспилотни летала врз руските нафтени постројки во последните недели.

„Категоријата на дронови камикази со долг дострел расте, со домет од 300, 500, 700 и 1.000 километри“, рече Федоров.

Пред две години оваа категорија воопшто не постоеше“, изјави тој за Ројтерс.