Битиќи: Бесплатна замена на возачките и сообраќајните дозволи, без надомест и патните листови

Лична карта и возачка дозвола

Замената на возачките и сообраќајните дозволи поради промената на уставното име од утре (14 февруари) ќе се врши бесплатно, а без надомест ќе бидат издавани и патните листови на нашите државјани во странство, а треба да се вратат поради промена на личните документи, соопштија денеска вицепремиерот за економски прашња Фатмри Битиќи и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Вакви одлукии донела денеска Владата: во државите каде нема дипломатско конзуларни претставништва издавањето на патните листови ќе биде он-лајн и со достава преку пошта.

Најавена е и награда со исплата на една плата за вработените во управните служби за ангажманот при издавањето документи.

Граѓаните требаше да ги сменат личните документи Според Преспанскиот договор, сопоред кој државата се обврза личните карти, пасошите и возачките дозволи да бидат променети со новото име Северна Македонија во рок од пет години од влегувањето во сила на уставните измени. Тој рок истече во понеделникот на 12 февруари.

Видете и ова: Пратениците ги изгласаа законските измени, возачките дозволи без „Северна“ ќе важат до 31 декември

Преспанскиот договор со Грција беше потпишан на 17 јуни 2018 година. Иако роковите од Договорот почнаа со промената на Уставот во февруари 2019 година, Северна Македонија не почна навреме да издава лични документи со новото име на државата, па граѓани кои вадеа лични документи во 2021 година, повторно ги добиваа со старото име Република Македонија.

Битиќи и Бојмацалиев рекоа дека од денеска го задолжиле Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите правни акти за возачките и сообраќајни дозволи за сите граѓани на РСМ коишто треба предвремено да се сменат да бидат без надомест.

Битиќи рече дека Министерството за надворешни работи треба да преземе активности за издавањето на патните листови за сите граѓани коишто живеат надвор од територијата на Северна Македонија, кои имаат потреба да се вратат за да извадат патни исправи надоместот за патните листови, да биде нула или ќе биде без надомест за нив.

„Дополнително, МНР исто така се задолжи да преземе активности соодветно издавањето на патните листови во државите каде што нема ДКП-а да биде направено онлајн и да бидат испратени по пошта за да нашите граѓани кои живеат надвор од територијата немаат дополнителни трошоци за да го добијат патниот лист“, рече Битиќи.

Видете и ова: Во ЕУ ќе се расправа за пасошите на Северна Македонија, најави Мерис

Бојмацалиев рече дека од утре на товар на МВР ќе се врши промена на возачките и сообраќајните дозволи со старото уставно име.

„Службите во МВР веќе ги изготвуваат сите интерни акти што ќе бидат потпишани од мене и од министерот за внатрешни работи“, рече Бојмацалиев.

Одлуките на Владата се донесени по решенијата што ги донела Работната група која пред две недели доби задача да најде решение за сообраќајните и возачките дозволи, патните листови и се што е поврзано околу менувањето или предвременото менување на документи заради законските одредби по уставните измени и промената на името на државата.