Сириската армија собори израелски ракети во близина на Дамаск

Дамаск, Сирија

Сириската противвоздушна одбрана собори израелски ракети истрелани кон село во близина на Дамаск, објави сириската армија на 10 февруари, наведувајќи дека тоа е втор ракетен напад за помалку од 24 часа, пишува Ројтерс.

Во соопштението се наведува дека ракетните напади биле извршени од правец на Голанската висорамнина и дека е причинета мала материјална штета. Нападот не му се припишува експлицитно на Израел.

Израелската армија, на прашањето да ги коментира сириските наводи, одговори дека не ги коментира извештаите објавени во странски медиуми.

Видете и ова: Борел предупреди на опасноста од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток

Како што пренесува Ројтерс, од декември 2023 година, неколку членови на иранската Револуционерна гарда се убиени во израелските напади на сириска територија, меѓу кои и високи воени разузнавачи.

Од почетокот на војната во соседна Сирија во 2011 година, Израел изврши стотици воздушни напади врз цели во таа земја, главно насочени кон проиранските сили, вклучувајќи го либанскиот Хезболах, сојузниците на сирискиот режим, како и сириската армија.

Израел ретко презема одговорност за своите операции во Сирија, но вели дека нема да дозволи Иран да го прошири своето присуство таму. Размената на оган е речиси секојдневна на израелско-либанската граница меѓу проиранскиот Хезболах и израелската армија од 7 октомври, кога започна војната меѓу Израел и Хамас, кој Европската унија и САД е прогласен за терористичка организација.