Викендот облачно време и врнежи од дожд

Максималната температура ќе се движи од 13 до 18 степени, Камен мост, Скопје.

Променливо облачно и релативно топло време, а на некои места во државата ќе има и сончеви период, прогнозира УХМР за денеска, 10 февруари.

Се очекува во текот на денот да дува и умерен ветер кој во попладневните часови ќе се засили, а најизразен ќе биде долж повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи од 13 до 18 степени.

Видете и ова: Штркови во февруари, прерано цветање - какви опасности носи претоплата зима

Од вечерните часови, пак, се најавува и дожд во западните денови, кои потоа ќе се прошират во поголемиот дел од земјата.

Повремено пообилни врнежи ќе има преку ноќта и во понеделник, а УХМР прогнозира и дека ќе бидат проследени со појава на ретки грмежи.

Во вторник врнежите ќе престануваат, а дневните температури ќе продолжат постепено да опаѓаат.