Парламентот на Грузија вчера ја одобри кандидатурата на Иракли Кобахиѕе за премиер на оваа јужнокавкаска земја, откако минатата недела тој беше номиниран од владејачката партија Грузиски сон.
Кобахиѕе е претседател на владејачката партија од 2021 година и се залага Грузија да стане членка на ЕУ и на НАТО.
Видете и ова: Грузискиот Уставен суд ѝ пресуди на претседателката, не смеела да посетува земји во ЕУ без дозвола од ВладаИ поранешниот премиер Иракли Гарибашвили и Кобахиѕе се лојални на најбогатиот Грузиец, милијардерот Бидзина Иванишвили, кој е поранешен премиер и основач на партијата Грузиски сон.
Според анкетите, Грузискиот сон останува најпопуларна партија, но поддршката за неа е намалена во споредба со 2020 година, кога освои тенко мнозинство во Парламентот.
Грузија ги продлабочи своите врски со Москва од почетокот на војната во Украина и одби да воведе санкции кон Русија. Тбилиси ја осудува инвазијата на Москва, но исто така ја обвинува Украина дека се обидува да ја вовлече Грузија во војна.