Нови американски напади врз цели на Хутите

илустрација

Централната команда на американските вооружени сили (Цeнтком) соопшти дека американските сили извршиле седум „одбранбени“ напади против четири поморски беспилотни летала на Хутите и седум мобилни противбродски ракети, кои се подготвувале да бидат лансирани врз бродови во Црвено Море.

„Централната команда ги идентификуваше овие ракети и поморски беспилотни летала во областите во Јемен контролирани од Хутите и утврди дека тие претставуваат непосредна закана за бродовите на американската морнарица и комерцијалните бродови во регионот,“ се наведува во соопштението објавено на платформата X.

Видете и ова: Тензиите на Црвеното Море погубни за глобалната економија

Хутите, кои ги контролираат најнаселените делови на Јемен, велат дека напаѓаат бродови во Црвеното Море и околу виталниот воден пат во знак на солидарност со Палестинците во војната во Појасот Газа.

Соединетите Држави и Велика Британија започнаа напади врз позициите на Хутите во Јемен и ги вратија тие бунтовници на листата на „терористички“ групи.