Блинкен ја заврши посетата на Блискиот Исток, во Газа нема прекин на огнот

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја заврши својата петта блискоисточна турнеја на 8 февруари, откривајќи ги длабоките поделби меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Израел околу завршувањето на тековната војна во Газа.

Во четвртокот, израелските сили бомбардираа области во јужниот град Рафах, каде се засолни половина од населението во Газа.

Блинкен се враќа во Вашингтон откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху јавно го отфрли одговорот на Хамас, кој е прогласен за терористичка организација од страна на САД и Европската унија(ЕУ), на предложениот план за прекин на огнот и рече дека војната ќе продолжи се додека израелските сили целосно не победат.

Односите меѓу Израел и неговиот водечки сојузник САД се затегнати со месеци, а отфрлањето на планот од страна на Нетанјаху, за кој Вашингтон рече дека дава простор за договор, само укажа на поделбите меѓу двете земји, пренесува АП.

Видете и ова:

Блинкен: Договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас сè уште е можен


Но, Блинкен и други американски официјални лица изјавија дека остануваат оптимисти дека може да се постигне напредок во главните цели - подобрување на хуманитарните услови за палестинските цивили, ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас, подготовка за повоена Газа и спречување на ширење на војната.

Блинкен се состана со членовите на воениот кабинет на израелскиот премиер, а на почетокот на разговорите со поранешните армиски началници Бени Ганц и Гади Ајзенкот, тој рече дека фокусот ќе биде на „заложниците и силната желба што ја имаме да ги видам како се враќаат кај нивните семејства, на работата што е завршена за таа цел“.

Во понеделникот (5 февруари) Нетанјаху рече дека Хамас бара она што Израел нема да го прифати, зборувајќи за барањето за размена на илјадници палестински затвореници.

Состаноците се одржаа во време кога Израел и Хамас го разгледуваат предлогот за нов привремен прекин на огнот што ќе вклучува пауза во борбите и ослободување на заложниците од Газа.

Видете и ова:

Блинкен: Создавањето палестинска држава е неопходно за безбедноста на Израел


Ова беше петта рунда разговори на Блинкен со лидерите на Блискиот Исток во досега неуспешните напори да се стави крај на војната што избувна со нападот на Израел на 7 октомври 2023 година.

Заменик-генералниот секретар на Обединетите нации(ОН) за хуманитарни прашања и координатор за вонредни состојби рече дека повеќе од половина од населението на Газа моментално е сместено во Рафах, град кој првично живееле 250.000 луѓе и кој граничи со Египет.

„Нивните услови за живот се на дното - им недостигаат основни работи за преживување, глад, болест и смрт демнат“, рече шефот на хуманитарната организација на ОН.