Четири нови случаи на голема кашлица во Северна Македонија

Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести

Четири нови случаи на голема кашлица се евидентирани во земјава, потврдува портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ. Со најновите податоци, бројот на заразени од оваа болест се зголеми на 22 од почетокот на годината.

Комисијата заседаваше вчера (7 февруари) и предложи прогласување епидемија на територијата на град Скопје.

Видете и ова: Зошто се враќа големата кашлица?

Во државава има хоспитализирани деца, но и возрасни со пертусис, односно голема или магарешка кашлица.

Од Комисијата препорачаа забрана за прием на деца невакцинирани за пертусис во градинки и очекува овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација, бидејќи фокусот е на заштита на најмалите, кај кои оваа болест може да биде и е практично најтешка.

Надлежните сепак велат оти кај нас состојбата е стабилна и за разлика од други држави во регионот немаме смртни случаи.