Во две експлозии во пакистанската југозападна провинција Балучистан загинаа најмалку 30 луѓе, а десетици беа ранети на 7 февруари. Експлозиите настанаа во близина на изборните канцеларии на кандидати во пакистанската провинција Балучистан на само еден ден пред одржувањето на парламентарното гласање во оваа јужноазиска земја.
Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за двете експлозии.
Неколку групи, вклучително и Ослободителната војска на Белуџистан (БЛА), забранета сепаратистичка група Балочи, исламистичкиот милитант Техрик-е Талибан Пакистан (ТТП) и Исламската држава (ИД) извршија напади во последните месеци во регионот.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Смртоносни експлозии го потресоа Пакистан пред парламентарното гласање
Владата во Исламабад во меѓувреме објави дека ги затвора границите со Авганистан и Иран пред изборите.
Насилството е во пораст во Пакистан пред изборите. Најмалку 10 полицајци беа убиени кога десетици тешко вооружени борци нападнаа полициска станица во Дарабан, град во областа Дера Исмаил Кан во провинцијата Хајбер Пахтунхва, која се граничи со Авганистан на 5 февруари.
Кон крајот на минатиот месец, четворица полицајци и двајца цивили беа убиени од милитантите на БЛА во Балучистан.