Вучиќ го информирал кинескиот амбасадор за „ситуацијата на Косово“

President of Serbia, Aleksandar Vučić with the Ambassador of the People's Republic of China, Li Ming in Belgrade 6th of February 2024.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретна со кинескиот амбасадор во Србија, Ли Минг, на кого „му предал писмо во врска со ситуацијата на Косово“, пишува на налогот на Инстаграм на српскиот претседател.

Писмото од 6 февруари писмото беше адресирано до кинескиот претседател Ши Џинпинг, а освен информации за ситуацијата во Косово, писмото беше доставено и „по повод забрзаниот развој на нашите билатерални односи“, пишува во објавата на Инстаграм.

„Му се заблагодарив на амбасадорот Ли Минг за силната и недвосмислена реакција на Министерството за надворешни работи на Народна Република Кина во врска со последните неодговорни потези на Приштина, јасно насочени против српскиот народ на Косово и Метохија“, наведува тој на Инстаграм.

Видете и ова:

Курти подготвен „брзо да одговори на загриженоста“ за укинувањето на динарот

Претседателот на Србија претходно најави дека ќе побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за Косово. Неговата објава доаѓа откако косовските власти донесоа одлука за укинување на српскиот динар.

Тој во своето обраќање до јавноста на 2 февруари рече и дека по одлуката за укинување на динарот косовската полиција влегла во одредени институции на српските привремени власти на Косово.

Во Косово на 1 февруари стапи на сила уредбата на Централната банка на Косово со која се предвидуваше за плаќање да се користат само евра, со што се прекинува употребата на српскиот динар.

Владата на Косово најави дека спроведувањето на регулативата за готовинско работење ќе се одвива преку лесна транзиција.