Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот поднесе предлог до парламентот за продолжување на вонредната состојба и општата мобилизација додека руската инвазија се приближува кон втората годишнина.
Предлозите на Зеленски предвидуваат продолжување на двете мерки за уште 90 дена од 14 февруари, во склоп со одредбите од уставот на Украина.
Ова ќе биде 10 пат од 24 февруари минатата година, откако Кремљ ја започна инвазијата, Врховната Рада да разгледува две воени мерки.
Продолжувањето на вонредната состојба, доколку биде одобрена од парламентот, ќе се поклопи со претседателските избори во Украина.
Изборите би требало да се одржат следниот месец, но со устав е забрането да се организираат во услови на вонредна состојба.
Зеленски минатиот ноември најави потенцијално одложување на претседателските избори, нагласувајќи дека би било „неодговорно“ да се одржат во воени услови.
Видете и ова:
Шефот на романската армија предупредува на можно ширење на војната надвор од границите на УкраинаВеќе некое време се претпоставува дека Зеленски ќе го смени командантот на војската Валериј Залужни.
Зеленски рече дека размислува за реконструкција на воениот врв, што би вклучувало неколку искусни офицери, пренесува „Гардијан“.
„Прашање е кој би требало да ја води Украина. Зборувам за замена на неколку државни офицери, не само во војската. За да победиме во војната сите мораме да се движиме во иста насока. Не смееме да бидеме обесхрабрени, мораме да имаме добра, позитивна енергија, а негативата мораме да ја оставиме дома“, коментираше Зеленски.
Анкетите покажуваат дека Залужни е подеднакво популарен, ако не и повеќе од Зеленски, а некои експерти стравуваат дека исфрлувањето од власт на актуелниот претседател ќе ги демолира украинските трупи и ќе го поткопа националното единство.