Казахстанската влада си поднесе оставка

Роман Скљар

Владата на Казахстан денеска (5 фавруари) поднесе оставка, соопштија од Кабинетот на казахстанскиот претседател Касим Зомарт Токаев.

Од кабинетот на Токаев не соопштуваат зошто владата на чело со премиерот Алихан Смаилов поднела оставка.

Во соопштението се наведува дека вршител на должноста премиер привремено ќе биде првиот вицепремиер Роман Скљар.

Видете и ова:

Путин и Токаев разговараа за билатералната соработка во Астана

„Во согласност со член 70 од Уставот на Република Казахстан, одлучив да ја прифатам оставката на Владата на Република Казахстан. Привремено, должностите на премиерот му се предаваат на Скљар Роман Василевич. Членовите на Владата на Република Казахстан ќе продолжи да ги извршува своите должности додека не се одобри новиот состав на Владата“, се наведува во указот од Токаев.