Села ќе бара одговорност од Таравари на Централното собрание на Алијанса за Албанците

Зијадин Села

Претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Зијадин Села свика седница за в сабота на која ќе бара одговорност од претседателот на партијата Арбен Таравари.

„Ја свикувам седницата каде ќе се одлучи за одговорност на претседателот на партијата како нјависок орган. Го повикувам да дојде на Централното собрание и да се сноси со одговорноста и сите работи кои ги има првено врз грбот на членовите и партијата“, изјави Села на прес - конференција од партиското седиште во Тетово.

Тој рече дека во моментот на одржувањето на прес - конференцијата за медиумите присутни се потпретседателите, генералниот и организациониот секретар, претседателката на Унијата на жени, пратениците во Собранието и поголемиот дел од 30-те ограноците на Алијанса за Албанците.

Како што напомена Села, причината за обраќањето до јавноста е да ги каже „позициите кои ги има тој и партијата за да не остава простор за манипулација на јавноста“.

„Со статутот на партијата, индивидуа без разлика дали е претседател на партијата или било која позиција да ја носи, не може да носи одлуки. Органите кои носат одлуки се колективните органи како Централното претседателство на партијата. Иако се зборува на социјалните мрежи, нема никаква понуда. Алијанса за Албанците не се продава и не е на пазар. Не може никој без да знае која е цената да ја продава. Последниот став кој го имаме во партијата е дека Алијанса за Албанците оди сама на избори, став кој е искажан и од Таравари, од 99 насто од членовите на Централното собрание“, изјави Села.

Видете и ова: Лидерите од албанскиот опозициски блок и Таравари се сретнаа со Курти во Приштина

Само 15-тина минути порано, на офицјалната страница на Алијанса за Албанците на Фејсбук, беше соопштено дека откако претседателот на партијата Таравари вчера јавно побара партиските органи да донесат одлука за настап со албанската опозиција на претстојните избори, за 24 часа се собрани потписи за поддршка од 80 од вкупно 133 члена колку што брои Собранието на партијата.

„Поголемиот дел од Собранието на Алијансата за Албанците е јасно за сигурна промена. Претседателот Таравари повикува на мудрост, зрелост и единство, за ДУИ конечно да биде испратена во опозициа. Промената доаѓа“, се наведува во објавата на Фејбсук на Алијанса за Албанците.

Претседателот на партијата Арбен Таравари синоќа побара поддршка за Алијанса за Албанците А да оди на избори заедно со опозицискиот фронт.

Таравари доби поддршка од министерот за здравство Фатмир Меџити, а против се изјаснија поранешниот прв човек на партијата Зијадин Села, министерот за правда Кренар Лога и потпретседателката на АА Илире Даути. Тие го обвинија Таравари дека тој како поединец не може да одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела.