Почина претседателот на Намибија

Хејџ Геингоб, 5 септември 2019 година.

Претседателот на Намибија Хејџ Геингоб (82) почина рано наутро во неделата во болница во Виндхук, соопшти претседателството, неколку недели откако му беше дијагностициран рак.

Во објава на мрежата „Х“ не беше објавена причината за смртта, но, кон крајот на минатиот месец претседателството соопшти дека Геингоб ќе отпатува во САД на лекување откако му беше дијагностициран рак по редовен медицински преглед.

Како премиер во 2014 година, тој сподели со јавноста дека преживеал рак на простата. Следната година тој стана претседател.

На крајот на годината во оваа јужноафриканска земја треба да се одржат претседателски и парламентарни избори.