Утрово времето е променливо облачно. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Во текот на денот ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 14 степени.
Најстудено утрово е во Берово -6 степени, -4 степени се измерени во Скопје-Петровец.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека снежната покривка во Маврово е 9, а на Попова Шапка еден сантиметар.