Поранешниот пакистански премиер Кан осуден на 14 години затвор за корупција

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан.

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан и неговата сопруга Бушра Кан се осудени на по 14 години затвор во случај поврзан со нелегална продажба на владини подароци, соопшти во средата неговата партија.

Кан во вторникот беше осуден на 10 години затвор за оддавање државни тајни, една недела пред парламентарните избори.

Поранешниот пакистански премиер веќе отслужува тригодишна затворска казна, откако друг суд го осуди во август за продажба на подароци вредни 140 милиони рупии (501.000 долари) кој биле во државна сопственост, а ги добил за време на неговиот мандат 2018-2022 година.

Видете и ова:

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан осуден на 10 години затвор

Пресудата од средата е поврзана со истата работа, но следи по истрагата на највисокото антикорупциско тело во земјата, Националното биро за одговорност (НАБ), кое исто така ја обвини неговата сопруга во случајот.

Пресудата вклучува 10-годишно лишување од вршење јавна функција, соопшти неговата партија Пакистан Техрик-е-Инсаф (ПТИ). Бушра Кан, попозната како Бушра Биби, беше уапсена веднаш по пресудата, соопшти ПТИ.

Медиумскиот тим на Кан ги отфрли обвинувањата и се пожали на нефер судење, наведувајќи дека „не е дозволено вкрстено испрашување, не е донесен конечен аргумент и се чини дека одлуката е однапред определен процес“.

Тимот на осудениот поранешен премиер најави жалба на пресудата.