Русија и Украина разменија воени заробеници

Украински воени заробеници по размената на непозната локација во Украина, слика објавена на 31 јануари 2024 година.

Русија и Украина во средата организираа уште една размена на затвореници за која Киев вели дека вклучува 207 украински воени заробеници.

Русија изјави дека во тој процес биле вратени 195 нејзини војници во замена за исто толку украински војници.

Видете и ова: Вонреден самит на ЕУ - обиди да се убеди Орбан да одобри помош за Украина

Несовпаѓањето најверојатно се должи на фактот што руските податоци вклучуваат само воен персонал.

Претходно овој месец, двете страни ја организираа најголемата размена откако Кремљ нареди целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Вкупно 230 украински воени заробеници беа разменети за 248 Руси, како што беше договорено на 3 јануари.