Украина прогласи трвога од голем воздушен напад

Последици од напад со руско беспилотно летало во регионот на Киев

Украина прогласи тревога за голем воздушен напад во раните попладневни часови на 30 јануари, само неколку часа откако Русија нападна неколку региони со беспилотни и ракетни напади во кои загинаа најмалку двајца цивили.
Еден човек загина, а неговата сопруга беше ранета во руското гранатирање рано на 30 јануари во селото Велетенске во јужниот украински регион Керсон, објави регионалното обвинителство.

Исто така, регионалниот гувернер Олександр Прокудин рече дека руските сили истрелале 272 гранати во Керсон од преку реката Днепар.

Во источниот регион на Доњецк, еден цивил беше убиен, а уште еден беше ранет од руското бомбардирање на населбата Мирнохрад, изјави на 30 јануари гувернерот на делот од регионот што е под контрола на Украина, Вадим Филашин.

Претходно, на 30 јануари, украинската противвоздушна одбрана собори 15 од 35 дронови лансирани од Русија, соопшти војската.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Украински лекар, заробен и мачен од Русите, спасувал други заробеници


Цел на руските беспилотни летала биле регионите Миколајев, Кировохрад, Днепропетровск, Полтава и Харков во Украина, соопштија украинските воздухопловни сили.

Руските сили лансираа и 10 противвоздушни ракети С-300 врз цивилната инфраструктура во регионите Доњецк и Керсон, соопшти војската, додавајќи дека има мртви и ранети меѓу цивилното население.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзината воздушна одбрана уништила или пресретнала 21 украински беспилотно летало над Кримскиот Полуостров окупиран од Москва и неколку руски региони.

На бојното поле, украинските сили водеа 70 блиски битки долж целата линија на фронтот, објави Генералштабот на украинската војска во својот дневен извештај на почетокот на 30 јануари. Украинските бранители одбија повторени руски напади во осум жаришта на истокот особено во индустрискиот град Авдијевка во Доњецк, соопшти војската.

Видете и ова:

ЕУ постигна начелен договор за користење на профитот од рускиот имот за обнова на Украина


Руските сили постојано се обидуваа да ја заземат Адвијивка во изминатите неколку недели во една од најкрвавите битки во војната предизвикана од неиспровоцираната инвазија на Москва во февруари минатата година.

Во Вашингтон, американскиот државен секретар Антони Блинкен на 29 јануари предупреди дека придобивките на Украина во текот на двегодишните борби против руските трупи се доведени во прашање без ново американско финансирање, додека шефот на НАТО Јенс Столтенберг го посети за да лобира во Конгресот.