Бела куќа: Разговорите за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас се конструктивни и ветувачки

Координаторот на Советот за национална безбедност за стратешки комуникации Џон Кирби зборува за време на дневниот брифинг за новинарите во брифинг-салата Брејди во Белата куќа, 4 јануари 2024 година, во Вашингтон.

Белата куќа во понеделникот соопшти дека разговорите за да се обезбеди ново ослободување на заложниците што ги држи Хамас во Појасот Газа се конструктивни и ветувачки, но дека треба уште многу да се работи.

Серијата разговори во последните денови во кои учествуваа директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, и американскиот пратеник за Блискиот Исток, Брет Мекгурк, се фокусираа на обезбедувањето ослободување на заложници, како и на хуманитарната пауза во војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.

„Мислам дека е фер разговорите да се опишат како конструктивни“, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби за Си-Ен-Ен.

„Сметаме дека постои рамка за уште еден договор за заложниците. Тоа навистина може да направи разлика во однос на извлекувањето на повеќе заложници, добивање поголема помош и всушност намалување на насилството“, додаде Кирби.

Американскиот претседател Џо Бајден се обидува да го олесни ослободувањето на повеќе од 100 заложници кои беа заробени по смртоносниот напад на милитантите на палестинската исламистичка организација Хамас врз Израел на 7 октомври.

Во неделата Бернс се сретна со шефот на израелската разузнавачка служба Мосад и премиерот на Катар, како и со шефот на египетската разузнавачка служба.

Кабинетот на израелскиот премиер во неделата објави дека разговорите биле „конструктивни“, но дека остануваат „значајни празнини“.

Видете и ова: Роднините на заложниците упаднаа во израелскиот парламент

Сепак, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот рече дека Катар има „огромно влијание“ врз Хамас, додавајќи дека улогата на Доха во посредувањето во досегашните неплодни разговори за ослободување на преостанатите заложници од Газа внимателно се следи на меѓународно ниво.

„Мислам дека треба да бараме од Катар, кој го прими Хамас - тие ги примија лидерите на Хамас, тие го финансираат Хамас...Да го овозможи ослободувањето на остатокот од нашите заложници за да се постигне ослободување на останатите наши заложниц.Мислам дека целиот свет гледа кон Катар“, изјави тој за британската телевизија ТокТв.

На прашањето што би можеле да направат САД или другите светски сили во врска со тоа, Нетанјаху рече: „Тоа е нешто за што директно ќе разговарам со нив... Мислам дека тие (Катар) не се пасивен посредник“.

Видете и ова: Хамас поставува нови услови за договорот за лекови за заложниците

Кирби рече дека имало многу добри разговори со претставници од Катар, Египет и Израел.

„Се уште не сме ја поминале целта“, изјави тој за Си-Ен-Ен. „Но, се чувствуваме прилично добро за дискусиите и каде тие одат и ветувањето за нешто потенцијално доста значајно“.

Според израелските власти, околу 1.200 луѓе биле убиени, а 253 киднапирани во нападот на Хамас на 7 октомври, по што Израел одговори со копнена и воздушна офанзива на Појасот Газа во која загинаа повеќе од 26.000 луѓе, според здравствените власти во Хамас под контрола на Газа.