Путин и официјално кандидат на претседателските избори

Владимир Путин на постер за претседателските избори во Русија во 2018 година

Руската Централна изборна комисија во понеделник (29 го регистрираше актуелниот претседател Владимир Путин за претседателски кандидат на изборите закажани за 17 март.

Според уставните амандмани усвоени во 2020 година, Путин, кој ја водеше земјата како претседател или премиер од 1999 година, има право да бара уште два шестгодишни мандати, што значи дека би можел да остане на функцијата до 2036 година.

Видете и ова: Двајца претседателски кандидати против Путин на изборите во Русија

Путин (71) е лидер со најдолг стаж во Кремљ по советскиот диктатор Јосиф Сталин.

Досега не се појави сериозен предизвикувач кој ќе се кандидира против Путин среде тековната пресметка со неистомислениците и опозицијата.