Администрацијата во Словенија штрајкува за повисоки плати

Љубљана, Словенија

Вработените во повеќето административни единици низ Словенија од понеделник (29 јануари) ќе започнат тридневен штрајк поради ниските плати.

Штрајкуваат во 41 административна единица од вкупно 58 низ Словенија, со тоа што во 26 од нив, вклучително и најголемите градови како Љубљана и Марибор, овој вид протести ќе траат три дена, а во 15 само во понеделник кога ќе се применува делумен прекин на работата.

Претседателот на Здружението на државните власти на Словенија, Франчишек Верк изјави дека 85 отсто или 2000 службеници од управните единици штрајкуваат.

Вработените во управните единици за време на штрајкот ќе вршат само основни административни услуги, главно процедури со матичните книги и социјални процедури, вклучувајќи издавање лични карти или пасоши за итно патување во странство, уредување брачен престој и издавање документи за новороденчиња. Некои локални канцеларии ќе бидат целосно затворени.

Видете и ова: Француските земјоделци ќе го блокираат Париз

Административните службеници во ноември штрајкуваа во седум единици, но не успеаја да ја подобрат состојбата, па синдикатот реши да се обиде повторно.

Од администрацијата бараат посоодветна плата за нивната работа, а синдикалците и порачуваат на Владата дека пет години неисполнети ветувања биле повеќе од доволно.

Видете и ова: Машиновозачите во Германија пак штрајкуваат

Во меѓувреме, Словенија штрајкот на лекарите трае веќе трета недела, јавува Словенечката новинска агенција (СТА) и посочува дека се очекува денеска повторно да се сретнат синдикатот на лекари и стоматолози, Фидес и владините преговарачи за преговорите.

Од Министерството за државна администрација посочуваат дека добро ги знаат сите предизвици со кои се соочуваат управните единици долги години. Како и во здравството, тие инсистираат да се реши проблемот со платите како дел од сеопфатниот преглед на системот за плати во јавниот сектор.