Украинската служба за безбедност(СБУ) соопшти дека открила корупција при купување оружје во вредност од околу 40 милиони долари, по што во тек е истрага против петмина високи лица во Министерството за одбрана и еден добавувач на оружје, јави Би-би-си.
Парите оделе на различни сметки во Украина и на Балканот, велат истражителите.
Службата за безбедност на Украина (СБУ) доцна на 27 јануари објави дека пет лица се обвинети, а едно лице е приведено при обидот да ја премине украинската граница. Доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува затворска казна до 12 години.
Истрагата доаѓа додека Киев се обидува да ја запре корупцијата во обид да го забрза своето членство во Европската унија (ЕУ) и НАТО. Официјални лица од двата блока побараа широки антикорупциски реформи пред да им се придружи Киев.
СБУ соопшти дека истрагата „разоткрила службеници на Министерството за одбрана и менаџери на добавувачот на оружје, компанијата „Лвив Арсенал“, кои украле речиси 1,5 милијарди гривни за набавка на гранати“.
„Според истрагата, во проневерата биле вмешани поранешни и сегашни високи функционери на Министерството за одбрана и раководители на поврзани компании“, објави СБУ на мрежата Икс, (поранешен Твитер).
Во октомври минатата година, Радио Слободна Европа (РСЕ) пишуваше за набавка на гранати за Украина во вредност од десетици милиони долари, што се претвори во меѓународна истрага за исчезнувањето на парите, во која е вклучена и Босна и Херцеговина.
Видете и ова:
Шолц ги повика членките на ЕУ да ги зголемат испораките на оружје за УкраинаСБУ соопшти дека и покрај тоа што договорот за гранати е потпишан шест месеци откако Русија ја започна својата инвазија на Украина, „ниту една артилериска граната никогаш не била испратена“.
Главниот обвинител на Украина рече дека украдените средства се конфискувани и ќе бидат вратени во буџетот за одбрана.
Видете и ова:
Северна Македонија го одби барањето на Украина за донација на воена опремаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски ја наведе борбата против корупцијата како еден од неговите врвни приоритети кога дојде на власт во 2019 година.
Последните обвинувања доаѓаат откако републиканците во САД ги отфрлаат напорите на претседателот Џо Бајден да испрати поголема помош за Украина.
Во август, претседателот Зеленски ги отпушти сите функционери задолжени за воената регрутација за да стави крај на системот во кој на некои им беше дозволено да избегнат регрутирање.
Украина е рангирана на 116 место од 180 земји во Индексот за перцепција на корупцијата на „Транспаренси интернешнал“ за 2022 година.