Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено, а на планините и на некои од повисоките места претежно во северните делови од земјата ќе провејува слаб снег, соопшти Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).
Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец со брзина од над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 10 целзиусови степени.
Видете и ова:
Променливо облачно со локален слаб дождВо Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 8 целзиусови степени.
Според најавите од УХМР, ноќта кон понеделник повремен слаб снег ќе има на планините и на повисоките места во северните делови.
Потоа ќе биде студено, стабилно и се посончево. Утринските температури значително ќе опаднат преку неделата, а дневните ќе бидат во постепен пораст.