Хрватска купува хеликоптери од САД за 500 милиони долари

Американски хеликоптер UH-60 Black Hawk, Прага, 17 ноември 2023 година

Американскиот Стејт департмент одобри можна продажба на хеликоптери Black Hawk („црн сокол“), друга придружна опрема и услуги за Хрватска во договор процент на 500 милиони долари, соопшти Пентагон.

Американската агенција за соработка во одбраната и безбедноста во петокот (26.1) ја поднесе потребната потврда со која го известува Конгресот за можната продажба на осум хеликоптери Black Hawk, објави Ројтерс.

Видете и ова:

Полска го повика Западот да ја опреми Украина со ракети со долг дострел


„Предложената продажба ќе ги подобри способностите на Хрватска да ги одврати сегашните и идните закани и да ги поддржи коалициските операции, како и да ја подобри интероперабилноста со САД и другите сили на НАТО“, соопштија од агенцијата.

Во соопштението се додава дека „предложената продажба ќе ја поддржи надворешната политика и националната безбедност на САД преку подобрување на безбедноста на сојузникот на НАТО кој продолжува да биде важна сила за политичка стабилност и економски напредок во Европа“.

Во соопштението се наведува дека Владата на Хрватска побарала набавка на осум хеликоптери UH-60M Black Hawk, 19 мотори T700-GE 701D, друга придружна опрема, како и уреди и опрема за обука.