Бројот на антисемитски злосторства регистрирани во Франција и Белгија нагло се зголеми откако нападот на Хамас врз Израел ја поттикна војната во Газа, објави новинската агенција Асошиетед прес.
Податоците на Министерството за внатрешни работи и Службата за заштита на еврејската заедница во Франција покажуваат дека во 2023 година биле пријавени 1676 антисемитски злосторства, наспроти 436 претходната година.
Според Советот на еврејските институции во Франција, бројот на антисемитски злосторства во трите месеци по нападите на 7 октомври е еднаков на оние од претходните три години заедно.
Во соседна Белгија, независното јавно тело за антидискриминација соопшти дека примило 91 жалба за конфликтот меѓу Израел и Хамас помеѓу 7 октомври и 7 декември минатата година, во споредба со 57-те за цела 2022 година.
Повеќето од извештаите беа за забелешки или злодела кои се сметаат за антисемитски, вклучително и случаи на негирање на холокаустот. Во 66 случаи, јасно е наведено еврејското потекло на целното лице или луѓе.
Повеќето случаи се однесуваат на пораки на омраза, повеќе од половина на интернет, но имало и коментари на јавни места.
„Белгиската организација Унија, исто така, соработува со државното обвинителство и белгиската полиција во девет случаи на напад и оштетување“, се вели во соопштението.
Видете и ова: Пораст на антисемитизмот ширум светотВо извештајот се наведуваат случаи на тепање, графити и сквернавење на десетици гробови во еврејскиот дел од гробиштата во близина на градот Шарлроа.
Исто така, организацијата Унија добила осум извештаи за дискриминација или говор на омраза поврзани со палестинското потекло, арапското потекло или муслиманската вера на луѓето кои беа цел на нападите меѓу 7 октомври и 7 декември. Многу европски земји забележаа зголемување на пријавените антисемитски акти и коментари по избувнувањето на војната.
Видете и ова: Русија критикувана бидејќи не реагирала на антисемитските инциденти во Северен КавказСпоред податоците на Светскиот еврејски конгрес, во Белгија живеат околу 29 000 Евреи. Иако поголемиот дел од еврејската заедница во главниот град Брисел е секуларна, пристанишниот град Антверпен има големо ултраортодоксно население и најголема хасидска заедница во Европа.
Во Франција, која ги има најголемите еврејски и муслимански заедници во Европа, Советот на еврејски институции во Франција соопшти дека 57,8 отсто од антисемитските дејства во 2023 година биле насочени против поединци.