Мајкл О'Флаерти е новиот комесар за човекови права на Советот на Европа

илустрација

Мајкл О’Флаерти е избран за нов комесар за човекови права на Советот на Европа на пленарната седница на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во Стразбур.

Шеесет и четиригодишниот адвокат, специјализиран за човекови права, беше избран за шестгодишен мандат во вториот круг.

„Ирецот О'Флаерти освои 104 гласа, додека поранешната бугарска министерка Маглена Кунева доби 70 гласа, а Австриецот Манфред Новак 37“, се вели во соопштението на Парламентарното Собрание на Советот на Европа.

Тој ќе ја наследи Дуња Мијатовиќ од Босна и Херцеговина, избрана во јануари 2018 година, чиј мандат беше обележан со војната што Русија ја води против Украина.