Холандските власти на 23 јануари соопштија дека уапсиле три лица осомничени за заобиколување на санкциите кон Русија поврзани со војната во Украина.
Меѓу приведените се двајца мажи, на возраст од 56 и 57 години, од Димен и Хаг, и една 54-годишна жена од Хаг, под сомнение дека ги заобиколиле и прекршиле санкциите против Русија со тоа што биле дел од меѓународна шверцерска мрежа.
Холандските власти соопштија дека операцијата била дел од меѓународна акција со претреси и истраги кои се одвиваат и во Германија, Латвија, Литванија и Канада.
Видете и ова: САД, Британија и Австралија санкционираа руски хакерПретходно денеска Соединетите Американски Држави и Велика Британија воведоа санкции за рускиот државјанин Александар Јермаков, во координирана акција заедно со Австралија. Јекров беше обвинет од Сиднеј за неговата наводна улога во сајбер напад што ги загрози личните информации на 9,7 милиони Австралијци.
Видете и ова: Новинари откриле како руските олигарси избегнуваат санкцииВо меѓувреме војната во Украина трае речиси две години. Борбата ова зима е заглавена по линијата на фронтот долга 1.500 километри. Во последните месеци, руските воздушни напади нагло го зголемија бројот на цивилните жртви.