САД и Велика Британија повторно ги нападнаа позициите на Хутите во Јемен

Британски авиони полетуваат за време на мисија за напад на позициите на Хутите во Јемен, 11 јануари 2024

Американските и британските сили синоќа извршиле напади врз повеќе локации во Јемен што ги користат бунтовниците Хути поддржани од Иран, соопштија американски официјални лица.

Ова е втор пат двајцата сојузници да извршат координирани напади врз способностите на Хутите за лансирање проектили.

Според американски официјални претставници кои побараа да бидат анонимни, САД и Велика Британија користеле ракети Томахавк истрелани од бродови и подморници, како и борбени авиони за уништување на ракетните складишта и фрлачите на Хутите. Официјалните лица зборуваа под услов да останат анонимни за да разговараат за тековната мисија.

Видете и ова:

Испораките доцнат, цените растат заради нападите врз бродови во Црвеното море

Заедничката операција следеше околу 10 дена кога американски и британски воени бродови и борбени авиони погодија повеќе од 60 цели на 28 локации.

Тоа беше првиот американски воен одговор на нападите со беспилотни летала и ракетни Хути врз трговските бродови од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во октомври.

Хутите, кои ги контролираат најнаселените делови на Јемен, тврдат дека тие ги извршуваат нападите во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа, кои се под напад на Израел.

Нападите на Хутите ги нарушија синџирите на снабдување и ги поттикнаа стравувањата од глобална инфлација. Тие, исто така, ја продлабочија загриженоста дека последиците од војната меѓу Израел и Хамас може да го дестабилизираат Блискиот Исток.