На затворениот ирански рапер Тоомај Салехи му било кажано дека се соочува со дополнителни нови обвиненија кои го ставаат во опасност да се соочи со смртна казна доколку биде осуден.
Амир Рајсиан - правен застапник на Салехи, ги откри обвиненијата во објава на X, поранешна Твитер, велејќи дека пејачот е обвинет и за „вооружен и групен бунт против режимот“ и „заговор за извршување прекршоци поврзани со безбедноста“.
Раисијан рече дека нема докази кои ги поткрепуваат обвиненијата и истакна дека нема други лица вмешани како соучесници во случајот и дека кај Салехи никогаш не било пронајдено оружје.
Според Исламскиот кривичен законик, лицата прогласени за виновни за „вооружен бунт против режимот“ може да се соочат со смртна казна.
Видете и ова:
Расте бројот на затворени новинари ширум светотРаисијан, исто така, истакна дека додека Врховниот суд претходно пресудил дека може да се применат најмногу три обвиненија во еден случај, Револуционерниот суд во Исфахан издаде обвинителен акт со 10 обвиненија против Салехи.
Раисијан додаде дека се чини дека Салехи се квалификува за владина амнестија, што покренува прашања за легитимноста на обновените обвиненија.
Салехи првично беше уапсен во ноември 2022 година по период на криење. Неговиот притвор веднаш предизвика значително внимание и барања за негово ослободување, како на домашен така и на меѓународен план.
Тој потоа беше осуден на повеќе од шест години затвор, но беше ослободен на 18 ноември откако Врховниот суд, одговарајќи на жалбата, утврди „недостатоци во првичната казна“.
Случајот го врати на понизок суд на повторно испитување и можно повторно судење.