Цените на природниот гас во Европа се стабилизираа на најниско ниво по повеќе од две години, како резултат на обилните резерви и благата зима.
Во вторник наутро, на 16 јануари, мегават час гас со рок на испорака од еден месец, изнесуваше 29,70 евра на референтната холандска дигитална платформа.
Аналитичарите укажуваат на релативно обилното снабдување со течен природен гас од увоз и целосно складирање благодарение на благата зима.
Видете и ова: ЕУ е многу помалку зависна од рускиот гас, но сè уште не се откажува од негоВо Германија во саботата (13 јануари) се пополниле 83,80 отсто од капацитетите.
На почетокот на минатата година неговата цена беше околу 79 евра за мегават час, за накратко да надмине 57 евра во октомври, бидејќи конфликтот во Појасот Газа ја зголеми загриженоста за синџирот на снабдување.
Оттогаш цената на гасот бележи надолен тренд.
Во август 2022 година, таа достигна 277 евра поради намаленото снабдување со гасоводи од Русија. Норвешка, во меѓувреме, стана главен снабдувач на гас во Европа.