Еден загинат, четворица повредени во експлозија во фабрика во Крушевац

илустрација

Министерството за внатрешни работи на Србија на 16 јануари соопшти дека во експлозија во фабриката Триал во Крушевац, во централна Србија, едно лице загинало, а четворица се повредени.

Повредените, како што е соопштено, се пренесени во Општата болница во Крушевац.

Во соопштението се наведува дека експлозијата се случила околу 9 часот за време на работниот процес.

Од експлозијата избувнал пожар кој е локализиран, додаваат од МВР.

Фабриката Трајал во Крушевац се занимава со производство на експлозиви и пиротехнички средства.

Ова не е прв несреќен случај во оваа фабрика. Во експлозијата што се случи во фабриката во 2008 година беа повредени седум работници.