Дебатата за изборите во Србија се најде на на дневен ред на пленарната седница на Европскиот парламент (ЕП), што се одржува меѓу 15 и 18 јануари во Стразбур.
Дебатата без заклучоци ќе се одржи во среда на 17 јануари, а на пленарната седница што ќе се одржи во февруари треба да биде усвоена и Резолуцијата за изборите во Србија, одржани во декември 2023 година.
Социјалдемократите, либералите, зелените и левичарите поднесоа усно барање оваа дебата да се вклучи на дневен ред.
Во своето образложение за вклучувањето на дебатата за Србија, социјалдемократскиот европратеник Андреас Шидер, зборуваше за нерегуларности во текот на изборниот процес. Меѓу нив, тој ги спомена фантомските гласачи, притисокот врз гласачите, како и решителниот ангажман на претседателот на Србија во кампањата на владејачката партија, што го „поткопа изборниот процес“.
„И кога меѓународните набљудувачи на изборите, како на пример оние од Европскиот парламент, како и јас, исто така го отворивме ова прашање, Владата на Србија и самиот претседател ги нападнаа овие меѓународни набљудувачи“, рече Шиндер.
Видете и ова: Неколку илјади луѓе се собраа на новиот постизборен протест во БелградТој побара Резолуцијата за изборите веднаш да се усвои, но пратениците изгласаа да се одложи усвојувањето на Резолуцијата до пленарната седница во февруари.
Одложување на усвојувањето на Резолуцијата усно побара и Владимир Билчик, од групата европски популисти, најбројната политичка групација во Европскиот парламент, чиј придружник е Српската напредна партија (СНС).
Тие претходно по редовна постапка спречија точката за изборите во Србија да биде ставена на дневен ред, повикувајќи се на тоа што конечниот извештај на меѓународните набљудувачи се уште не е објавен.
Претставникот Билчик, кој е и известувач за Србија во ЕП, го повтори овој аргумент со барање Резолуцијата да не се усвои на пленарна седница.
„Ако можеме да постигнеме договор за да имаме Резолуција до објавувањето на извештајот на ОДХИР, ова би бил сеопфатен одговор“, рече Владимир Билчик на отворањето на пленарната седница.
Видете и ова: Вучиќ ги отфрли барањата за меѓународна истрага за изборни нерегуларностиОДИХР објави дека изборите биле одбележани и со злоупотреба на јавните средства, медиумска доминација на претседателот, негативна кампања и ширење страв.
Дел од европратениците претходно повикаа на независна истрага за сите пријавени неправилности. Ова го соопшти словенечкиот европратеник Клемент Грошељ, кој ја предводеше набљудувачката мисија на ЕП за изборите во декември 2023 година.
Вонредните парламентарни и локални избори во Србија се одржаа на 17 декември 2023 година.
Опозициската коалиција Србија против насилство не ги прифаќа резултатите и бара повторување на изборите, наведувајќи дека владејачката СНС победила преку изборна кражба.