Белоруска група на дијаспора „огорчена“ поради затворска казна на нивни член

Илустративна фотографија - полиција во Белорусија.

Белоруската група на дијаспора во Шведска вели дека е „огорчена“ поради пресудата во Минск на една нивна членка на пет години затвор по нејзиното враќање во татковината.

Каналот на Здружението на Белорусите во Шведска (Sveriges Belarusier) на Телеграм објави дека Галина Красњанскаја е обвинета и осудена според член во законот за учество во вооружени групи.

„Ние сме огорчени од неправедната пресуда против Галина“, се вели во соопштението и се бара нејзино ослободување. Групата за права „Вјасна“ соопшти дека 67-годишната Красњанскаја била осудена во Градскиот суд во Минск на 12 јануари.

Видете и ова:

Белорусија ја означи мрежата „Курент тајм“ на РСЕ и Гласот на Америка за екстремистичка

Белорусинката Галина Краснијанскаја, која беше уапсена по враќањето во Белорусија, е осудена на 5 години според членот за „учество во вооружена формација“.

Информации за судењето потврдија и од центарот за човекови права „Вијасна“.