Оваа година Србија ќе потроши близу 740 милиони евра за набавка на воена опрема, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференција на 13 јануари во просториите на Воената безбедносна агенција (ВБА).
Вучиќ ова го изјави во контекст на одлуката на Соединетите Американски Држави да им продадат противтенковски ракети Javelin на Вооружените сили на Косово.
Србија во моментов располага со 186 милиони евра слободни средства, кои веднаш ќе ги потрошиме за набавка на оружје од домашните фабрики на наменската индустрија“, рече Вучиќ.
Како што рече, во текот на оваа година ќе бидат готови уште два пакета од 150 милиони и 400 милиони евра за дополнителна опрема и вооружување на Вооружените сили на Србија. Тие пари се издвоени во прилог на 360 милиони евра одвоени во српскиот буџет за дополнително вооружување, рече Вучиќ.
Видете и ова:
Курти: Србија продолжува да ги следи методите на ПутинКога сето ова ќе го соберете, ќе видите дека ова ќе биде година во која најдобро, најбрзо и најмоќно ќе се опремиме“, рече Вучиќ.
Србија, додаде тој, ќе земе дополнителни осум самоодни хаубици „Нора“, 81 оклопно возило „Милош“, 26 борбени возила на пешадијата, 30 одбранбени возила за борбеното возило „Лазар“.
Целата оваа опрема и возила треба да пристигнат до 2026 година“, рече Вучиќ.
Коментирајќи ја одлуката на САД да му продаде на Косово 246 противтенковски ракети од американско производство, како и придружна опрема, Вучиќ рече дека овој потег е спротивен на Резолуцијата 1244, која, како што рече, не предвидува Косово да има војска.
„Според резолуцијата 1244, не смее да има групи на вооружени косовски Албанци, а тие им создадоа војска и продолжуваат да ја создаваат. Дали сме доволно силни како Америка, Англија, Германија, Турција - не сме. Но, можеме да му укажеме на целиот свет дека ова е брутален начин на кој се прекршуваат меѓународните правни норми“, рече Вучиќ.
Претходно, на 11 јануари, претседателот на Србија ја окарактеризира како „големо разочарување“ најавата на САД дека ѝ одобриле на Приштина да го купи американскиот систем Javelin, откако одлуката му ја презентираше американскиот амбасадор Кристофер Хил.