Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) на 12 јануари објави дека уапсила руски државјанин за наводно давање информации на Полска за руската одбранбена индустрија.
Оваа агенција за внатрешна безбедност, наследник на Комитетот за државна безбедност (КГБ), соопшти дека уапсениот бил вработен во „компанија со висока безбедност“ во областа Пенза, на околу 600 километри југоисточно од Москва, пренесе АП.
„Осомничениот им дал информации на полските специјални служби во замена за помош за добивање постојан престој во странство“, се наведува во соопштението за печатот.
Видете и ова: Руски дипломат протеран од ЕУ во чистка на шпиони сега е набљудувач на ОБСЕ на изборите во СрбијаФСБ соопшти дека е отворена кривична постапка за дело што може да доведе до осум години затвор доколку осомничениот биде обвинет и осуден.
Од Полска досега немаше коментар за ваквите тврдења од Москва.