Македонските ракометари поразени од Франција на отворањето на Европското првенство во Германија

Франција - Северна Македонија, Европско првенство во ракомет, Германија, 10 јануари 2024

Со резултат од 39:29 македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Франција во рамките на првото коло од Европското ракометно првенство кое се одржува во Германија.

Избраниците на Кирил Лазаров влегоа храбро во првото полувреме од натпреварот кој се одигра во Дизелдорф и успеваа да го одржат натпревар во егал, но во второто полувреме беше скршен отпорот и селекцијата на Франција дојде до убедлива победа од 10 разлика.

Франција - Северна Македонија, Европско првенство во ракомет, Германија, 10 јануари 2024

Најефикасен во редовите на нашата репрезентација беше Жарко Пешевски со седум гола, додека Иван Џонов го заврши натпреварот со шест погодоци, а по четири гола постигнаа Филип Кузмановски и Милан Лазаревски.

Следното коло од групната фаза нашата селекција го игра за четири дена во Берлин и тоа против домаќинот Германија.