При назначувањата во јавните институции, важно е тие да се прават врз основа на заслуга тоа значи - квалификација, вештини, искуство, а не врз основа на припадност на партија или некои лични врски. За различните тврдења во поглед на надворешните политички влијанија ги повикуваме властите да ги истражат и да делуваат во однос на резултатите од тие истраги, порача денеска евроамбасадорот Дејвид Гир, по последните случувања во М-НАВ.
Гир истакна и дека постојат обврски кога станува збор за воздушната навигација, како и обврски кон Европската Унија кои треба да се имплементираат.
„Овде влегува гарантирањето на независноста на телото кое што е одговорно за воздушната навигација, а второто се однесува во поглед на регрутирањето и ангажирањето дека се исполнети правните прашања и оти човечките ресурси се користат на начин што ќе ја гарантира безбедноста, исплатливоста и ефикасноста на самата служба за водушна навигација“, рече амбасадорот Гир одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Министерството за одбрана.
За тврдењата за упадот во зградата на Воздушната навигација, заканите и насилството, тој нагласи дека тоа се прашања кои што треба да бидат истражени и доколку постои загриженост треба да се реагира за тоа.
Видете и ова: Петровска: Судот треба да ја преиспита одлуката за осомничените за упадот во М-НАВНа прашањето како ја коментира одлуката на Судот, да не им изрече мерка притвор на инволвираните во упадот во М-НАВ, Гир исакна дека се јасни обврските на државата во однос на овој систем кој е дел од критичната инфраструктура.
„Обично како амбасадор немам обичај да коментирам одлуки на суд, меѓутоа сметам дека јасно кажавме кои се обврските по однос на гаранцијата на заштитата на овој систем, но не само на овој туку и на системите од критичната инфаструктура“, рече Гир.
Видете и ова: Штрајкот на контролорите на летање во мирување до конечни оставки на директоритеДелегацијата на ЕУ вчера соопшти дека со загриженост ги следи случувањата во врска со националниот давател на услуги за воздушна навигација (М-НАВ). Воедно, посочи дека императив е именувањата во националниот давател на услуги за воздухопловна навигација и сродните услуги, исто како и за другите институции, да се засноваат на заслуги, квалификација и искуство. Од Делегацијата на ЕУ порачаа и дека очекуваат од институциите да спроведат брза истрага во однос на наводите за кронизам при вработувањата.
Во инцидентот кој се случи 4 јануари, Беким Незири, вработен во институцијата и неколку други лица упаднаа во зградата на Контрола на летање на скопскиот меѓународен аеродром по прес-конференцијата на синдикатот на М-НАВ, на која порачаа дека нема да прифатат партиски вработувања.