Израелската армија нападна 150 локации на Хамас во појасот Газа во изминатите 24 часа, објави во средата (10 јануари) прес-службата на израелските одбранбени сили (ИДФ).
„Вкупно околу 150 терористички цели беа погодени од војници на израелските сили во текот на изминатиот ден“, се вели во соопштението.
Прес-службата нагласи дека „копнените, воздушните и поморските сили на израелската армија продолжуваат да дејствуваат против терористичката организација Хамас“ во палестинската енклава.
Видете и ова: Израел почна нова фаза од војната, со помалку војници и воздушни напади„За време на оперативните активности во Кан Јунис во јужниот дел на Газа, копнените трупи на израелската армија упатија авиони на ИАФ (израелските воздухопловни сили) да нападнат и елиминираат повеќе од десет терористи“, додаде војската.
Прес-службата, исто така, соопшти дека „копнените трупи откриле повеќе од 15 подземни тунели“ во бегалскиот камп Магази во централниот дел на енклавата и дека „за време на таргетирани напади врз воени локации во областа, тие уништиле машина за производство на ракети".
Во меѓувреме, здравствените власти во Газа продолжуваат да известуваат за десетици смртни случаи во секојдневните воздушни напади.