Уапсен тинејџер во Дагестан, пробал да запали воен авион

Руски Су-34

Тинејџер на возраст од 16 години е уапсен во Дагестан поради обид да запалали воен авион на аеродромот Шагол. Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) тврди дека тинејџерот бил вклучен во серија подметнати пожари во ноември и декември 2023 година на железницата во Дагестан. Судот го испрати во истражен затвор на два месеци под обвинение за обид за саботажа во објект на Министерството за одбрана.

Тактички бомбардер Су-34 на воениот аеродром Шагол беше запален ноќта на 4 јануари.
Според руски извори, пожарот во Су-34 бил изгаснат, но не е позната висината на штетата причинета на леталото.

Видете и ова: Телеграм го блокираше каналот со повици за упад во аеродромот во Дагестан

Украинските медиуми, повикувајќи се на разузнавачки извори, наведуваат дека станува збор за специјална операција на украинското воено разузнавање. ФСБ тврди дека уапсениот делувал по инструкции на украинските специјални служби, а на неговиот мобилен телефон била пронајдена преписка со „украинските инструктори“.