Порасна бројот на загинати по силниот земјотрес на западниот брег на Јапонија на Нова година на 168, додека за исчезнати се водат вкупно 323 луѓе. Бројките во изминативе два дена драстично пораснаа. Само во градот Ваџима исчезнаа над 281 луѓе.
Големиот земјотрес, кој го погоди западниот брег на Јапонија во понеделникот минатата недела, достигна магнитуда од 7,6 степени.
Во саботата, спасувачките екипи извлекоа жива 90-годишна жена од урнатините на уништената куќа во крајбрежниот град Сузу. Лекарите го опишаа спасувањето како редок настан.
Првите 72 часа по ваквата катастрофа се сметаат за клучни. После тоа, шансите за преживување на заробените луѓе значително се намалуваат, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA).
Урнатините, оштетените патишта, лизгање на земјиштето го отежнуваа пребарувањето на тимовите за спасување. Според извештаите во јапонските медиуми, нивната работа исто така била попречена од снежните врнежи.